Гол на Верати ја крена Франција на нозе

Фудбалерите на ПСЖ во саботата попладнето пред своите навивачи ја „растурија“ Бастиља со 5:0 со два гола на Кавани и по еден на Лукас, Маркинхос и Верати и така макар теоретски ги задржаа шансите да можат да го престигнат Монако и да ја одбранат шампионската титула во Франција.

Но, токму втоиот погодок на парижаните кој го постигна Марко Верати предизвика вистинска бура во спортската јавност.

Италијанскиот играч за врска ја затресе мрежата додека голманот на Бастиља му помагаше на повредениот Блаисе Матуиди, инаку играч на ПСЖ.

Лени Нангис, капитенот на Бастиља, видно огорчен, после натпреварот за реакцијата на италијанскиот интернационалец изјави:

„Лут сум. Марко е одличен играч и не знам зошто прави вакви работи“, рече Нангис.

Жан Луис Лека, голманот на Бастиља, не можеше да поверува што направи Верати.

„Згрозен сум. Кога видов дека Матуиди повреден лежи на тревата, отидов до него за да му помогнам. Меѓутоа, само тоа не го реши натпреварот“.

Француските медиуми речиси едногласно го осудија потегот на Верати, сметајќи дека е крајно неспортски, а овој врвен италијански играч за врска, велат, дека во иднина од време на време треба да го погледа видеото на неговиот сонародник Паоло ди Канио и дека најверојатно ќе научи што значи фер-плеј.