Го прослави 146 роденден

Мбах Готхо, од Индонезија, на чија лична карта пишува дека е роден во 1870 година, на 31 декември 2016 година го прослави 146 роденден во мало село во индонезиската покраина Јава и порача дека клучот на долговечноста е во трпението.

Матичарите од Јава потврдуваат дека податоците за неговото раѓање се точни.

starec-3

До сега титулата за најстаро лице на светот ја несеше Жан Калме од Франција, која умре на 122-годишна возраст.

Готхо, кој роденденот го прослави со внукот Сурјанто и сопругата Суварни, ги надживеал сите десет браќа и сестри, четирите сопруги и децата.

Скромната прослава на неговиот роденден одржана е во неговата куќа во местото Сраген.

Мбах Готхо се потсмевнувал додека му ја пееле роденденската песна и, како што пренесуваат медиумите, успеал одеднаш да ги изгасне трите свеќи со броевите 1, 4 и 6 на роденденската торта.

starec-1

Кога порано го прашале да им ја одаде тајната на долговечноста, Готхо одговорил: „Единствен рецепт е трпението“.

На новинарите им рекол дека за смртта почнал да се подготвува уште во 1992 година, кога дал налог да се направи надгробна плоча, но и после 24 години тој е сеуште жив.

За регионалната ТВ-мрежа рекол: „Токму сега сакам да умрам.“

starec-2

Од неодамна Готхо не може сам да ја одржува хигиената, а членовите на семејството му помагаат да јаде затоа што е многу слаб.

Внуците велат дека Готхо најмногу време поминува слушајќи радио затоа што видот му е преслаб за да може да гледа телевизија.