Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Студентите прогласија победа на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Вучиќ призна пораз

октомври 26, 2026

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Студентите прогласија победа на изборите во Србија
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Граѓаните да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори
Економија

Граѓаните да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори

март 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Граѓаните при туристичките патувања да проверат дали агенцијата со која патуваат е лиценцирана и да потпишат договор пред патување за да не бидат измамени, апелираат од надлежните институции.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека полесно е да постапат по преставките кои стигнуваат кај нив доколку граѓаните имаат договор потпишан со агенцијата, програма за патувањето и фискална сметка дека платиле за услугата. Во случаи кога туристичките аранжмани се купуваат онлајн, потребно е поголемо внимание од страна на потрошувачите и проверка дали агенцијата има лиценца А или Б. Тоа може да се провери на веб страницата на Министерството за економија.

„Некогаш на онлајн ќе ви нудат услуга дека одите во феноменален хотел, а кога ќе отидете таму, потоа во поплаките се праќаат фотографии дека буквално нема ниту тоалети. На онлајн може секој да биде нашминкан, а друго е кога ќе отидете во туристичка агенција, ќе потпишете договор и ќе земете програма каква што ви нудат за парите што ги давате, истакна директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека се запознаени со најновиот случај на измамени граѓани преку „Одмори се“ и оти прават напори да го решат случајот, иако во дадената ситуација им се врзани рацете бидејќи нема потпишано никаков договор меѓу потрошувачите и агенцијата и комуникацијата е водена само телефонски, а уплатата е направена на друга жиро сметка.

„Во тек сме со случајот и ќе најдеме решение, но некогаш и самите потрошувачи прават грешки. Комуникацијата е телефонска и правиме напори за да им излеземе во пресрет, но рацете ни се врзани, појасни Пауновски.

Од Министерството за економија најавуваат дека се размислува како опција во Законот за туристичка дејност да се воведе банкарска гаранција за агенциите, која би се активирала доколку граѓаните бидат измамени.

„Моментално има неколку верзии на Законот за туристичка дејност.

Уште не сме решиле колку ќе биде банкарската гаранција, но тоа ќе зависи од лиценцата. Секако, доколку од контролите што ќе ги направи Државниот пазарен инспекторат се утврди дека се прекршени договорите што се потпишани со потрошувачите, како Министерство не само што ќе ја активираме банкарската гаранција, туку ќе ја одземеме и лиценцата, рече министерот Бектеши.

Додаде дека има различни предлози околу висината на банкарската гаранција, но оти за големите тур оператори гаранцијата ќе се движи од 50 до 100 илјади евра.

Од Министерството очекуваат законот да биде испратен до Владата на разгледување по претседателските избори.

граѓани договори лиценцирани агенции патување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026

ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари

октомври 20, 2026

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.