Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Граѓаните преку апликацијата „Мое здравје“ ќе имаат пристап до своите здравствени податоци
Градови

Граѓаните преку апликацијата „Мое здравје“ ќе имаат пристап до своите здравствени податоци

мај 25, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Согласно политиките и заложбите за осовременување на здравствениот сектор преку дигитализација, Министерството за Здравство ја презентираше „Мое Здравје“ – нова мобилна апликација која ќе им овозможи на сите граѓани да имаат лесен пристап и увид во личните здравствени податоци.

Апликацијата вклучува интерактивен пристап кон здравственото досие на секој корисник и дава можност да се има увид во дијагностичките анализи, упатите за специјалистички прегледи, вакцините и сертификатите за вакцинација и многу повеќе информации во форма на лично здравствено досие. Во рамки на ова дигитално решение ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги. Пристап до апликацијата ќе има секое полнолетно лице со можност да врши увид и како родител/старател во податоците за малолетните лица за кое е одговорен.
На ваков начин, секој граѓанин ќе има можност за директен увид во податоците поврзани со личното здравје.

“Како министерство работиме и ги следиме современите текови и трендови во доменот на достапност на лични податоци поврзани со здравственитедосиеја на граѓаните од нашата држава.Со ваков пристапсе зголемува нивото на транспарентност и достапност до личните податоци поврзани со здравјето, како за медицинските лице, така и за пациентите“. – изјави д-р Фатмир Меџити, Министер за Здравство.

“Како надградба на постојната дигитална платформа “Мој термин“, изработивме модул со кој граѓаните ќе имаат можност дабидат во тек и да имаат постојан увид во личнитездравствени досиеја.Во рамки на апликацијата, секој корисник ќе има можност да пристапи до широк опсег лични здравствени податоци и на таков начин да има максимален увид во сопственото здравствено досие“. – изјави Жаклина Чагороска, Проектен Координатор за „Мое Здравје“, Министерство за Здравство.

Апликацијата „Мое Здравје“ е изработена за потребите на Министерството за Здравство на Република Северна Македонија од компаниите „Кликер“ (дизајнирање на апликацијата) и „Сорсикс“ (изработка на апликацијата).

Истата е бесплатна и за преземање од сите заинтересирани полнолетни граѓани на Република Северна Македонија достапна е за “Android” или “iOS” оперативни системи.

За преземање на апликацијата: [Google Play Store] /[Apple App Store]

 

За „Мое Здравје“

Со мобилната апликација „Мое Здравје“, секој граѓанин ќе има можност за увид во своите здравствени, електронски поврзани податоци од електронското здравствено досие. Секој граѓанин кој ќе ја преземе апликацијата, ќе може да пристапи до своето здравствено електронско досие преку креирање на единствен профил со корисничко име и лозинка. Со регистрација и активирање на корисничкиот профил, овозможен е пристап до личниот електронски здравствен картон (досие), или до картонот за лица за кој Граѓанинот е овластен, што им овозможува на родителите/старателите да имаат пристап до здравствените картони на малолетните лица за кои се одговорни.

Преку мобилната апликација  “Мое здравје”, секој граѓанин ќе има увид за:
– Реализирани прегледи кај матичен лекар;
– Упати за специјалистички, дијагностички или лабораториски анализи (изминати прегледи/архива и закажани прегледи и испитувања во иднина / активни);
– Рецепти (акутни и хронични), достапни како архива и активни (валидни рецепти за кои пациентот нема подигнато лек).

„Вакцинален статус и сертификати за вакцинација, како и решенија за изолација.

Во рамки на ова дигитално решение, за секоја од наведените категории податоци, ќе бидат овозможени и детални информации за сите извршени здравствени услуги.

 

 

актуелно апликација мое здравје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.