Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата
Во Фокусот

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

октомври 17, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со креативни работилници и над триесет настани денеска во градскиот парк во Скопје по повод „Денот на граѓанските организации“ организиран од Цивика мобилис,
посетителите имаа можност да се информираат токму за овие граѓански организации и нивните активности, да артикулираат идеи и да планираат заеднички општествени акции.

Програма на фестивалот е разновидна, а годинава е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19

Фестивалот се поклопува со Светскиот ден за борба против сиромаштијата, па затоа неколку организации организираат и собирање на прехрамбени артикли и облека кои ќе бидат донирани.

Животната средина и климатските промении овој пат ќе бидат застапени преку презентации и квизови, а дел од организациите, своите настани ќе ги посветат на здравјетопреку презентација за самопреглед на дојка, тестирање за ХИВ, до активности за заштита на менталното здравје и арт терапија.

„Педала“ ќе организираат образовна работилница за основите на одржување на велосипед, а заедно со учесниците ќе работат на поправка навелосипед кој потоа ќе биде дониран.

Според министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска учествуваше на дебата на фестивалот, граѓанските организации остануваат силен партнер на Владата во носењето на сите важни одлуки.

Тоа, како што рече, било така и изминатиот период кога се носеле мерки за  справување со здравствено социјалната и економска криза предизвикана од Ковид-19.

„Граѓанските организации и партнерите брзо се реорганизираа со појавата на пандемијата. Целиот изминат период со граѓанските организации и инспекторатите имавме успешна координација и тоа придонесе за заштита на работните места. Владата покажа дека носи мерки во заштита на здравјето на граѓаните. Се прави баланс меѓу заштитата на здравјето но и течење на останатите процеси како економијата, образованието и другите процеси“, рече Царовска.

Министерката ги повика граѓанските организации да се вклучат во креирањето и поддршката на реформските процеси за квалитетно образование.

На фестивалот денеска свое обраќање имаше и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Техада, која посочи дека годинава фестивалот е во насока на придонесот што граѓанските организации го дадоа во борбата со Ковид-19 и многу е важно да се прикаже солидарност.

„Оваа година фестивалот е посветен на одбележување на придонесот на организациите на граѓанското општество во борбата против Ковид-19, исто така да се сетиме на сите оние кои го загубија животот од коронавирусот но и да покажеме дека организациите на граѓанското општество ќе продолжат со својата редовна работа и ќе се придржуваат на приоритетите на своите програми“, рече амбасадорката.

Таа додаде дека годишниот фестивал на Цивика мобилитис собира рекордни 86 организации на граѓанското општество, и со толку голем број се покажува дека е возможно да се почитуваат мерките за безбедност додека се прикажува работата и активностите на организациите на граѓанското општество.

Најважно, според неа, е дека е можно за организациите на граѓанското општество да стапат во директна комуникација со граѓаните, да го прошират своето членство, и да ја зголемат поддршката на својата работа.

актуелно граѓански организации Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.