Груби: Талат Џафери е институција

„Од генералниот секретар на Собранието побаравме да овозможи услови да функционира кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Канцеларија не е институција, туку  Талат Џафери е институција. Тој е претседател на Собранието, изјави денеска пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Тој напомена дека по неговата реакција кај генералниот секретар од него добил одговор дека може да интервенира и ќе интервенирал откако одлуката за изборот на Талат Џафери ќе биде објавена во Службен весник.

Дополнително, Груби додаде оти се надеваат дека политичките партии во Собранието ќе се вразумат, поточно новата опозиција.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваа во кабинетот на претседателот на Собранието.

Антонио Милошоски на својот фејсбук профил објави дека против пратениците Ферид Мухиќ и Горан Мисовски ќе поднесат кривични пријави за неделовнички дејствија и предизвикување политичко насилство.