Грчките медиуми повикувајќи се на неофицијални извори од полицијата информираат дека фудбалскиот судија Танасис Цилос во стан во Лариса го нападнал и претепал – фудбалер!
Се истакнува дека 28-годишниот фудбалер С.П. и се предал на полицијата, додека 46-годишниот Д.М.И. побегнал во странство и по него е распишана потерница.
Мотивот за нападот врз судијата засега сеуште е енигма.
Арбитерот, кој кон крајот на минатата година заврши во болница после нападот кај него дома, со тешка повреда на ногата, веќе почна да тренира и наскоро би требало да се врати на теренот и да ја дели правдата во грчкото фудбалско првенство.







