Грција: 24 хуманитарци обвинети за шпионажа

LinkSense.mk

Хуманитарни активисти кои во Грција учествуваа во спасување мигранти и бегалци, вклучувајќи еден Сириец, ќе излезат во четврток пред грчкиот суд заради обвинение за шпионажа и откривање државни тајни.

Критичарите тоа го оценуваат како фарса и политички монтиран случај.

Станува збор за 24 соработници на организацијата за спасување на бегалци Emergency Response Center International, која работеше на островот Лезбос од 2016 до 2018 година, и ним им се заканува казна до осум години затвор.

Обвинети се и за криумчарење луѓе, злосторничко здружување и перење пари, за што можат да добијат до 25 години затвор.

Директорот на Амнести Интернешенел за Европа, Нилс Музниекс; оцени дека обвиненијата се „фарса“.