Гугл вложува во Германија: Инвестиција од милијарда евра

Компанијата Гугл најави денеска дека до 2030 година ќе вложи милијарда евра (1,2 милијарди долари) во проширувањето на своите инфраструктурни работи во Германија и во зголемување на употребата на обновлива енергија.

Американскиот интернет гигант наведе дека планира да отвори нови интернет центри во регионот на Берлин и во Ханау, за размена на податоци.

Во соопштението се додава дека Гугл во следните години ќе купува повеќе од 140 мегавати електрична енергија од германската филијала на француската енергетска компанија „Анжи“, заради управување со центрите за податоци.

Од Гугл нагласуваат дека „Анжи“ им гарантира дека 80 отсто од електричната енергија ќе потекнува од некарбонски извори, покрај останатото од новиот соларен парк и од постојните 22 ветропаркови во Германија.

Целта на Гугл е да премине на сто процентно користење на обновлива енергија до 2030 година.

(Фото: АП)