Гутерес: „На Авганистан му се заканува хуманитарна катастрофа!“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутерес, предупреди за постоење можност од хуманитарна катастрофа во Авганистан и побара средства за таа земја после заминувањето на американските сили.

На повидок е хуманитарна катастрофа“, нагласи Гутерес и го спомена влошувањето на хуманитарната и општествената криза и закана од колапс на основните услуги. Гутерес ги поттикнува државите членки на Обединетите нации да пружат прикладно финансирање за авганистанскиот народ, кој трпи големи недостатоци.

Ги повикувам за да придонесат за прибирање средства кои ќе им бидат на располагање на хуманитарните работници“, додаде првиот човек на ОН.

Тој потсети дека на близу половина од авганистанското население, 18 милиони луѓе, им треба хуманитарна помош за да преживее.

Секој трет Авганистанец не знае каде ќе го најде својот следен оброк“, прецизираше Гутерес и нагласи дека повеќе од половина деца помлади од пет години ќе гладуваат следната година.

Шефот на светската организација ги повикува сите страни, не споменувајќи ги со име Талибанците, да овозможат сигурна и непречена достава на хуманитарна помош, производи непходни за живот, како и безбедност на сите хуманитарни работници.

Повеќе од кога и да е, на децата, жените и мажите во Авганистан им треба солидарност од меѓународната заедница“, заклучи Гутерес.