Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Гутереш повика на крај на судирот и на испорака на помош во Јемен
Во Фокусот

Гутереш повика на крај на судирот и на испорака на помош во Јемен

декември 4, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика страните во судирот во Јемен да ги прекинат сите копнени и воздушни напади и побара враќање на испораките помош во таа земја затоа што „милиони деца, жени и мажи се во ризик од масовна глад, од болести и од смрт“, јавува Ројтерс.

Како што пренесува британската агенција, повикувајќи се на извори од официјални лица на хуманитарни организации, Обединетите нации се обидуваат да евакуираат најмалку 140 хуманитарци од престолнината на Јемен, среде борбите поради кои е пресечен патот кон аеродромот, но чекаат одобрување од коалицијата на чело со Саудиска Арабија.

Други извори, пак, наведуваат дека ОН и невладините организации планираат намалување на хуманитарниот персонал во Јемен поради моментната безбедносна состојба.

Коалициските авиони ги бомбардираа местата каде што се стационирани Хутите во Сана, минатата вечер, навеле жители и локалните медиуми, а целта на нападите била пружање на поддршка на приврзаниците на поранешниот претседател на Јемен, Али Абдулах Салех, во борбите против Хута, групата која се сврстува на страната на Иран.

Ова е четврти ден од најновиот бран судири во кои се убиени повеќе десетици луѓе, соопшти меѓународниот Црвен крст.

„Во Џибути е подготвен авион за 140 членови на меѓународниот персонал“, изјавиле за Ројтерс официјални лица од ОН во Сана, додавајќи дека половина од персоналот потекнува од невладини организации.

Истите неименувани лица навеле дека борбите се поместуваат во правец кон аеродромот и дека состојбата е многу затегната, и тоа дека дури било и невозможно да се евакуираат хуманитарците.

Дозвола за слетување на авионот на аеродромот во Сана треба да издаде Коалицијата која го контролира небото над јеменската престолнина, која е во рацете на Хута, наведуваат хуманитарните работници.

Други извори од ОН во Јемен, меѓутоа, велат дека лицата од ОН и невладините организации не се евакуираат, туку дека е планирано намалување на бројот на хуманитарниот персонал во Сана додека безбедносната состојба на теренот не се стабилизира.

Тоа го потврди и портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Женева, Елоди Шиндлер, велејќи дека Комитетот во моментната „хаотична ситуација ја разгледува можноста за намалување на бројот на своите лица во Јемен на најнеопходните членови“.

актуелно Антонио Гутереш Женева Јемен Обединети Нации помош Саудиска Арабија Црвен крст
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.