Откако бугарски културни центри со имиња на контраверзни личности почнаа да никнуваат во Македонија, универзитетскиот професор Борче Давитковски за ТВ24 оцени дека како држава треба „да покажеме заби“ и да ги спречиме.
„Како држава мора да покажеме заби и дигнитет. Мора да се почитуваат нашите закони. Уписот во регистарот на здруженија кои имаат имиња и програми кои ги иритираат граѓаните мора да се поништи. Оние кои ги одобруваат овие работи, пред се, мора да ги проверат името и програмата. Ако не се реагира од државата, има како печурки секаде да изникнат. Морам да напоменам дека сами се ставаме во непријатни ситуации. Доколку некој смета дека е ускратен да отвори организација со провокативни натписи, слободно нека се обрати во Стразбург. Ние веруваме за македонската држава треба да си ги штити интересите на нашите граѓани,“ вели Давитковски.
(Фото: Фактор.мк)







