Дарушафака ја победи ЦСКА, Олимпијакос подобар од Барса

Нема повеќе непоразени во Евролигата. Дарушафака го направи тоа што никој во оваа сезона досега не уапсеал – по тактика на тренерот Дејвид Блат играчите на турскиот тим го совладаа актуелниот шампион и до сега непобедливата екипа на ЦСКА со 91:83 (30:18, 19:19, 24:20, 18:26).

Дарушафака, предводена од Андерсон и Ванамејкер, од првиот момент беше во водство и во ниту еден нареден момент не им дозволи на гостите да ја превземат доминацијата.

Разликата беше направена веќе во првата четвртина, но искусната екипа ЦСКА не се предаваше.

Во второто полувреме московјаните ја намалија двоцифрената разлика и му се доближија на домаќинот на само еден поен.

Меѓутоа, никој во тимот на Дејвид Блат не сакаше да ја пропушти единствената прилика – ја вратија цврстината во одбраната и внесоа нервоза кај Нанд де Коло.

Во победничката екипа најефикасни беа Андерсон со 20 поени, Ванамејкер со 18 (7 асистенции), Клибурн 14, Моерман 11….

Кај поразените Нандо де Коло и Хигинс имаа по 17 поени, Теодосиќ 15 (10 асистенции), а Хајнс 11.

Кошаркарите на Олимпијакос ја забележаа четвртата победа во Евролигата. Вечерва тие ја совладаа Барцелона со 59:52.

olimpijakos-barsa

Најефикасен во грчкиот клуб беше Василис Спанулис со 15 поени, Ерик Грин постигна девет, а Јанис Папапетру осум.

Барцелона, која го доживеа третиот пораз, ја предводеше Џонатан Холмс со 14 поени, додека 11 постигна Тајрис Рајс.

zalgiris-galatasaraj

Жалгирис во дербито на дното го победи Галатасарај со 87:75 и така ја запиша втората победа. Турскиот клуб со шест порази остана последен на табелата.

Брок Мотум ја предводеше победничката екипа со 24 поени, додека во Галатасарај најефикасен со 15 беше Синан Ѓулер.