„Дајмлер“ отпушта 10.000 луѓе

Германската автокомпанија „Дајмлер“, во чија сопственост е „Мерцедес – Бенц“, соопшти дека планира да затвори 10.000 работни места ширум светот.

Од компанијата велат дека на овој потег се одлучиле затоа што сакаат да финансираат премин на електрични автомоили.

Шефот на персоналот, Вилфрид Порт, изјави дека бројот на работните места којшто ќе се намали е петтоцифрен.

Во соопштението на „Дајмлер“ се наведува дека автомобилската индустрија минува низ „најголемата трансформација во историјата“ и дека потребата кон мобилност која не содржи јаглен диоксид бара големи вложувања.

Дел од оваа програма е да се намалат трошоците на вработените за околу 1,4 милијарди евра до крајот на 2022 година“, информираат од германскиот гигант.

Дајмлер“, кој има речиси 300.000 работици ширум светот и фабрики во 17 земји, ќе ги намали трошоците и вработеноста, како што истакнуваат, „на општествено одговорен начин“. Компанијата и советот на вработени ги услогласиле принципите за намалување на структурата на фирмата, но двете страни и понатаму ќе работат на деталите за примена.