Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на осум сообраќајни незгоди.
Во сообраќајките две лица се потешко, а шест се полесно повредени и причинета е незначителна материјална штета.
Девет возачи се казнети заради возење со брзина над дозволената, двајца за минување на црвено светло на семафор, десет за управување на возилото без дозвола, а седум, пак, за користење на мобилен телефон или неупотреба на сигурносен појас.