Две жртви во неколку напади на познат синџир продавници во Калифорнија

LinkSense.mk

Две лица загинаа, а тројца се ранети во грабежи на шест продавници на американскиот ланец „7-Eleven“ (7-11) во Јужна Калифорнија.

Локалните власти соопштија дека трагаат по еден напаѓач.

Нападите беа извршени во период од околу пет часа на 11 јули (7-11), денот кога националниот бренд ја слави својата годишнина.

Вчера беше 95-годишнината на брендот и продавниците нудеа бесплатни пијалаци. Во тек е истрага за нападите во Онтарио, Апланд, Риверсајд, Санта Ана, Бреа и Ла Хабра.

 

 

 

МИА