Демонстрација на сила: Русија со воена парада го прослави Денот на победата

На Црвениот плоштад во Москва денес е одржана воена парада по повод Денот на победата, со учество на околу 10.000 војници и приказ на 114 парчиња модерна воена опрема, а поради лошите временски услови откажано е прикажувањето на авионите и хеликоптерите.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските борбени авиони и хеликоптери нема да учествуваат во парадата поради неповолни метеоролошки услови во московската област, па леталата беа вратени на аеродромите, пренесува Тасс.

Инаку, првобитно било планирани прикажување на 72 единици на авијацијата.

rusija 2

Делот од парадата посветен на механизацијата го отвори легендарниот тенк Т-34, со кој Црвената армија во Втората светска војна се проби до Берлин.

Исто така се прикажани оклопни повеќенаменски возила „Тигар“, универзални оклопни машини „Тајфун-К“ и „Тајфун-У“, пешадиски борбени возила базирани на борбена платформа „Кургањецк-25“ и основните пешадиски борбени возила БМП-3, наведува риската агенција.

rusija 3

Потоа московската публика имаше прилика да ја види колоната на современа руска оклопна техника – тенковите !Армата“ и главните борбени тенкови Т-72Б3.

Руската артилерија оваа година ја претставуваа пушките „Коалиција-СВ“ и хаубици на сопствен погон „Мста-С“.

Баталјонот на руските тактички балистички ракетни системи, ракетните комплекси земја-воздух „Бук-М2“ и „Тор-М2У“ ја демонстрираа моќта на руските вооружени сили.

Прв пат на парадата беа прикажани и ракетните системи за дејство во поларни услови – системи за воздушна одбрана „Тор-М2ДТ“ и ракетните комплекси земја-воздух „Панцир-СА“, базирани на возила за сите терени.

На Црвениот плоштад продефилираа и оклопни повеќенаменски транспортери за превоз на војници „Ракушка“ и возила за противвоздушна одбрана БДМ-4М, а потоа и системи за ракетна воздушна одбрана со долг домет „С-400“ и интерконтинентални балистички ракети „Јарс“.

На денешната парада прв пат учествуваше и Младинската војска која ја сочинуваат 90.000 момчиња и девојки од целата земја.

rusija smotra

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши смотра на единиците, а претседателот на Русија Владимир Путин од свечената ложа им се обрати на насобраните на Црвениот плоштад по повод Денот на победата во Втората светска војна.

rusija putin

 

Нема, ниту ќе има сила која може да го пороби рускиот народ“, Владимир Путин

 

„Лекциите од минатото не повикуваат да бидеме внимателни“, порача Путин, велејќи дека вооружените сили можат да го одбијат кој било напад и да реагираат на која било закана.

Русија, напомена, е отворена за соработка и секогаш е на страната на мирот.

„Случувањата од минатото ни наметнуваат голема одговорност пред идните поколенија, да им го пренесеме духот на големата победа и да ги осигураме мирот и стабилноста“, додаде рускиот претседател.

Путин на Русите им го честиташе Денот на победата, а после тоа проследена со плотуни беше интонирана химната.