Десет нови случаи на Ковид-19, еден починат и петмина оздравени

Во последните 24 часа регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.960 тестирања, петмина оздравени пациенти и еден починат, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје се регистрирани пет нови слуачаи на Ковид-19, во Тетово четворица и во Битола еден. Во болнички услови почина еден пациент (64) од Струмица. Регистрирани се и петмина оздравени пациенти и тоа тројца од Скопје и по еден во Крива Паланка и во Берово.

Направени се 2.960 тестови: во ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133. Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, на оздравени пациенти е 150.123, а на починати 5.487. Активни се 160 случаи, од кои 58 во Скопјер, 38 во Тетов, 13 во Кичево, по 11 во Охрид и во Куманово,….

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 68698, Активни 58
Куманово 8884, Активни 11
Прилеп 8328, Активни 5
Тетово 7278, Активни 38
Битола 6310, Активни 6
Велес 5474, Активни 2
Гостивар 5185, Активни 4
Кавадарци 5155, Активни 2
Охрид 5021, Активни 11
Штип 4960, Активни 0
Струмица 4123, Активни 5
Струга 2982, Активни 1
Кочани 2792, Активни 0
Кичево 2600, Активни 13
Гевгелија 2195, Активни 0
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 0
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0

Радовиш 1161, Активни 0
Берово 1032, Активни 2
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0