Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Референдумот ќе биде по стариот закон, за да нема сомнежи
Македонија

Дескоска: Референдумот ќе биде по стариот закон, за да нема сомнежи

јули 14, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за правда Рената Дескоска најави дека референдум за името ќе се спроведува по постоечкиот закон, а дека потоа, по неговото завршување, ќе се донесе сосема нов закон, закон со современи стандарди.

Дескоска на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија, рече дека сега не треба да се прават какви било измени на законот, дури ни технички.

Со спроведувањето на референдумот по постоечкиот закон, смета таа, ќе се отфрлат сомневања дека нешто се сака да се подметне.

„Факт е дека законот е застарен, дека е нефункционален и многу прашања ги остава со прашалници, но факт е и дека врз основа на тој закон беа спроведени референдуми како оној во општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар или во неколку други општини за рудниците, рече Дескоска.

Десковска се осврна и на Државната изборна комисија. Лошо е, смета министерката, изборот на членови на комисијата да се условува со други прашања бидејќи тоа е комисија која треба да постои имајќи ги предвид нејзините надлежности не само за референдумот, туку и за други прашања како што е она за Избирачкиот список.

Во однос на реформите во судството истакна дека нема да се брза со реформите во судството и оти наместо на квантитет, ќе се посвети внимание на квалитетот на законските решенија. Законите кои ќе се подготвуваат ќе бидат ставени на јавна дебата, со цел да се изнајдат најдобри решенија. Една од заложбите во новите законски решенија ќе биде да се формираат правила за објективно унапредување на судиите.

Ставот на Дескоска во однос на Специјалното јавно обвинителство, е дека е добро ова Обвинителство да прерасне во трајно обвинителство кое што ќе се занимава со криминалот на високи носители на политички функции.

„Планот е практично со склопување во Законот за јавно обвинителство да се овозможи внесување на СЈО во делот на овој Закон. Но, свесни сме дека тоа е закон којшто се носи со двотретинско мнозинство и за кој ќе ни биде потребна согласност од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, така што ќе се обидеме, но не можеме да претпоставиме дали ќе добиеме согласност за спроведување на оваа реформа“, рече Дескоска.

На крајот Дескоска се осврна и на одметнатите Горан Грујовски и Никола Бошковски, обвинети за повеќе кривични дела во Македонија, за кои Врховниот суд во Атина го одби барањето за екстрадиција.

„Ќе го обновиме барањето и ќе објасниме дека помилувањето било незаконско и од тие причини неможе да се смета дека има ретроактивно дејство на законите“, појасни министерката за правда.

актуелно Дескоска македонија правда референдум реформи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.