Детали за масакрот во Вирџинија: Менаџер на маркет пукал во вработените

LinkSense.mk

Во масовното пукање што се случи во стоковна куќа во американската сојузна држава Вирџинија, убиени се и ранети повеќе луѓе.

Според првите резултати од истрагата, менаџер на маркет најверојатно пукал во вработените.

Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа, полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот и истрагата.

Во инцидентот загинаа најмалку десет лица, меѓу кои и напаѓачот, но засега не се знае дали тој се самоубил или бил елиминиран од полицијата.

Мотивот за нападот сеуште не е познат.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку пет лица се хоспитализирани, но нема информации колку луѓе се повредени и загинати.