ДЗС алармира за зголемена опасност од пожари на отворено

Дирекцијата за заштита и спасување согласно законот за заштита и спасување и Законот за шумите алармира за зголемена опасност од пожари на отворен простор и апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.

„Поради зголемените температури во следните неколку денови и настапување на сушен период зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор и ваквата состојба наложува мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари- ЈП Национални шуми, Единици на локална самоуправа, Територијални противпожарни единици и УХМР. Дирекцијата за заштита и спасување апелира до граѓаните на одговорно однесувње со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети“, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно, посочуваат дека се подготвени во секое време да делуваат со своите материјално-технички и човечки ресурси.