Дибирова: Да ја средиме тактиката и се ќе биде добро

Новиот тренер на ЖРК Вардар Ирина Дибирова го одработи првиот тренинг со тимот од кој очекува да се врати на победничките патеки веќе утре на натпреварот со Турингер.

„Голем предизвик е ова. Од девојките очекувам да играат добро и да ја израдуваат публиката. Сега ништо брзо не може да се се смени. За понатаму ќе видиме“, вели Дибирова.

Таа ќе раководи со екипата која трипати по ред игра на Ф4 турнирот во Будимпешта.

Вели дека не чувствува притисок и дека секој тим и играч секогаш може да играат подобро.

„Секоја екипа може подобро да игра, па и Вардар. Имаме одлични играчи со добар квалитет, треба само да ја средиме малку тактиката и се ќе биде добро. Сакам да играме и поагресивно и поборбено, вели Дибирова.

На клупата на „црвено-црните“ Дибирова ќе дебитира утре на меч од лигата на шампионите против Турингер.

Натпреварот се игра од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.