Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

LinkSense.mk

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми
за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Во моментов цената на бензинот БС-95 изнесува 111,5 денари за литар, додека БС-98 се продава за 113,5, додека дизелот чини 109,5 денари.