Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Ги отворивме вратите за НАТО
Македонија

Димитров: Ги отворивме вратите за НАТО

септември 17, 2018Updated:септември 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членството на Република Македонија во НАТО ја зацврстува нејзината безбедност и стабилност, не прави попредвидливи и носи многу инвестиции, а таа стабилност и основните постулати на демократијата, слободни медиуми, функционални институции не прави многу поподготвени за европскиот пат.

Ова се клучните придобивките од членството во Алијансата, за кои говореше на денешната дебата на тема „Дебатираме за НАТО“ во организација на Инфо центарот за евроатлантски интеграции, со поддршка на МНР и амбасадата на Холандија.

„Членството значи дека нашата Македонија е тука да остане во овие граници. Ја зацврстува стабилноста безбедноста и предвидливоста и затоа носи меѓу другото странски инвестиции, потенцира Димитров, додавајќи дека со зачленувањето во НАТО ќе имаме една област во која ќе бидеме најобучени и екипирани и тоа ќе биде нашиот суштински придонес кон Алијансата.

На контратезата за дебатата, од кого се плаши Македонија, опкружена од земји членки на НАТО, Димитров посочи дека има психолошка порака во однос на сите граѓани тука и во однос на сите наши соседи што е важна „ја преминуваме линијата од која нема враќање назад“.

Потсети дека Македонија е ветеран во патот кон НАТО со 18 акциски планови за членство, а од 2002 година сме во Авганистан. Оваа година, информира, за 20 отсто ја зголемивме контрибуцијата.

„Го споделуваме тоа долги години, а не ги споделуваме бенефитите, рече Димитров.

На прашањето дали има друг начин за членство во НАТО, Димитров потенцира дека долго време ни требаше да го најдеме патот, се обидовме со правни аргументи, добивме спор, ама правната пресуда не ја смени политичката реалност.

„Се обидовме со расправање и тоа не ни помогна многу, напротив. Практично да седиме  на иста маса со НАТО членките меѓу кои и Грција, треба да не сакаат, а за тоа треба да бидеме пријатели и да најдеме разбирање. Тоа го направивме во еден тежок процес, заштитувајќи го она што ни е најважно, правејќи компромис за тоа што беше најважно за Атина. Акцентот беше на две различни точки и тоа е основата на овој договор. Нас ни беше најважно идентитетот и затоа во договорот има јасна формулација за македонски јазик и јасна формулација за македонски народ со своите атрибути. Нив им беше важно дистинкцијата да биде појасна од што е  да биде географска и таа да биде за севкупна употреба. Тоа е суштината на овој договор, појасни шефот на македонската дипломатија.

Според него, членството на Македонија може да се случи кон крајот на идната година, а може да биде и на почетокот на 2020 година.

„Се надевам дека на 30. септември, по овој првичниот од поранешниот вицепремиер Тодоров ќе има повеќе гласови од опозиција особено што од 2005 годиона во сите програми на опозициските партии стои дека се за референдум, а во последната програма не се споменува ниту цензус, туку се споменува мнозинството на граѓаните што ќе излезат. Народот зборува преку гласање, референдумот е волјата на народот и не може да се замижи и да се бега. Политичарите не смеат да си ја пикаат главата во песок. Нема враќање од клучни историски моменти, рече меѓу другото на денешната дебата министерот Никола Димитров.

Тој спомена дека ако за нешто се согласуваме тоа е оти иднината на Македонија е во НАТО и во ЕУ. Нема политичка партија од независноста во 1991 година до денес, која, подвлече, не ги има овие две стратешки цели во својата програма.Посочи дека поддршката од граѓаните се движела од 60 до 80 проценти.

„Во последните месеци поддршката расте бидејќи членството е поопипливо со надминувањето на разликата за името со нашите пријатели од Атина, рече Димитров.

авганистан актуелно Атина Грција димитров македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.