Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: ЕК зазеде принципиелен став за јазикот, не очекувам проблематизирање на кодовите МКД и МК
Македонија

Димитров: ЕК зазеде принципиелен став за јазикот, не очекувам проблематизирање на кодовите МКД и МК

јули 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Важно е што ЕК зазеде принципиелна позиција во однос на прашањето на јазикот. Од анализите на МНР македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година, рече шефот на димпломатијата Никола Димитров.

-Околу рамката важно е што ЕК зазеде принципиелна позиција. Од анализите што ги направивме во МНР ние македонски јазик во документ на ЕК последен пат е спомнат во 2005 година врз основа на нашата апликација и одоговорот на прашалникот. Имаме цели 15 години и затоа е важно што ЕК врз основа на завршувањето на процесот во ОН и финализирањето на личната карта на земјата излезе непосредно потоа и по стапувањето во сила на Преспанскиот договор со меѓуинституционално упатство во смисла на името и терминологиите каде македонскиот јазик е македонски јазик и многу е важно што во дијалот сега меѓу земјите членки почетната позиција е принципиелна. Ние ќе настојуваме со соседна Бугарија да ги водиме работите така да бидеме успешни и во смисла на европските интеграции, и во смисла на прашање што не може да биде отворено во Европа во 2020 година. Македонскиот јазик е наша работа, тој е израз на нашето право на самооппределувањето и не можеме да зборуваме за европски интеграции ако ова е предизвик, како што не можеме да збориваме и за вистинско пријателство кое претставува меѓусебна почит, рече Димитров на новинарско прашање по презентацијата на проектот Преспа форум.

Втората фаза од процесот на преговори по претствувањето на предлог преговарачката рамка од страна на ЕУ, посочи тој, продолжува со дебата меѓу земјите членки која ќе почне следната недела, а во овој контекст важно е вклучувањето на новата методлогија. Очекувањата се, како што рече Димитров, и според кажаното од неговиот германски колега Хајко Мас со голема поддршка на германското претседателство, првата меѓувладина седница да се одржи за време на претседавањето на Германија, а во контекст и на Берлинскиот процес и Самитот кој со заедничко копретседавање со Софија треба да се одржи во октомври или ноември.

Во однос на МКД и МК кодот и најавите за проблематизирање за неговата примена од страна на Грција, Димитров рече дека тоа е прашање кое е дел од балансот на Преспанскиот договор.

– Балансот на сите елемнти во Преспанскиот договор беше постигнат во долг процес на преговорање и конструкцијата на договорот е таква што менување на еден елемент значи оддалечување од тешко постигнатата рамнотежа. Согласно конечната спогодба сите елемнти се задолжителни за двете страни и употребата на МКД или МК е задолжителна за сите употреби освен за табличките на автомобилите. Таа одредба не остава простор за поинакво толкување, рече Димитров.

Шефот на дипломатијата и со оценка дека Преспанскиот договор  во голем дел особено за крупните нешта се спроведува. Работите каде има застој бараат да се седне и да се разговара. Преспанскиот договор ги затвора сите прашања освен за трговските марски, интелектуалната сопственост и брендовите за кои остава тие да се решат со заеднички договорено решение.

Работата на комисиите на С. Македонија и Грција вклучително и околу преминот Маркова нога е одложена поради пандемијата, но се очекува да се забрзаат работите штом се нормализираат  условите за работа. Според анализите на нашата комисијата, целата работа за ставање во функција на овој премин може да се заврши за 1,5 година до две. Преминот Маркова нога, како и Преспа форум центарот  ќе значи гоемо заживување на овој регион, вели Димитров.

актуелно димитров ЕК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.