Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов изјави дека за прашањето за името, потребна е одговорност од сите политички фактори.
„За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не’ влече надолу и ни’ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори.
Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата“, изјави Димитров.
Од МНР соопштија дека Димитров го информирал Иванов за содржината на последните разговори со шефот на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.







