Димитров: На 11 декември ќе го згазиме Груевски

Поранешниот амбасадор во Вашингтон и македонски преговарач за името, Никола Димитров, на вечерашниот митинг на СДСМ пред Владата, рече дека никогаш не било полошо во Македонија, затоа што се зависело од еден човек.

„Нè понижи како народ. Младите го бараат спасот во бугарски пасош. Станавме земја без надеж и перспектива. Со тебе Груевски нема иднина, а уште помалку европска иднина. Ова денеска не е Македонија, ова е Груевистан. Слушате ли како лелека Македонија. Јас ја слушам и затоа сум со вас“, рече Димитров.

Тој на ијадниците граѓани од цела Македонија порача:

„На 11 декември доаѓаме да си ја земеме државата назад. Тој владее со закани, но е смртно исплашен од нас. Ве уверувам – ќе не биде. Ќе го згазиме Груевски на 11 декември!“