Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Димитров: Пораките на охрабрување не се доволни, ни треба одлука за преговори со ЕУ
Македонија

Димитров: Пораките на охрабрување не се доволни, ни треба одлука за преговори со ЕУ

декември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„EУ мора наскоро да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија, истакнува шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за АФП предупредувајќи оти не се доволни пораките на охрабрување по октомврискиот состанок на Европскиот совет на кој не беше донесена одлука за старт на пристапниот процес.

„Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава, изјави Димитров.

Неопходно е, нагласува тој, да биде донесена одлука што ќе им даде вистинска надеж на луѓето дека Европа е сериозна во однос на нашата европска перспектива.

АФП потсетува дека ЕК и другите институции на ЕУ јасно кажале дека Северна Македонија ги исполни сите услови и задачи што и беа зададени и оти треба да почне преговори за членство, но на Самитот на ЕУ на тоа се спротивстави Франција.

За француското вето, Димитров вели дека право на Париз е да отвори легитимна дебата за пристапниот процес, а Северна Македонија е подготвена да го прифати тоа и да биде подложена на дополнителен надзор вклучувајќи го принципот на реверзибилност.

И покрај разочарувањето од ЕУ во октомври, Димитров вели дека Скопје нема да ја повтори грешката по Самитот на НАТО во 2008 кога не доби покана за членство поради спорот за името со Грција и влезе во ќорсокак.

„Ние избегнавме да ја повториме таа грешка. Остануваме фокусирани на целта. Во наредните неколку недели сакаме да постигнеме дополнителни реформски резултати кои ќе го зацврстат нашиот случај и ќе направат да стане невозможно ново „не“ од земјите членки на ЕУ, истакнува Димитров.

Следната можност да се поправи грешката и да биде донесена одлука за старт на преговорите со Скопје и Тирана, е Самитот на ЕУ лидерите во Загреб на 6 и 7 мај наредната година.

актуелно охрабрување пораки преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.