Димитров се сретна со новиот амбасадор на Јордан во Македонија

LinkSense.mk

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Хашемитското  Кралство Јордан во Република Македонија, Исмаил Иса Исмаил Рифаиекој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан во Република Македонија, со седиште во Анкара.

На средбата била  искажана подготвеност од двете страни за натамошно унапредување на меѓусебните односи,  за што постојат реални предуслови и можности.

Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази уверување дека амбасадорот Рифаие, со својот личен ангажман, ќе даде значаен придонес во понатамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

МНР Димитров и амбасадорот Рифаие размениле мислења и за одредени надворешно-политички прашања од регионален и глобален интерес.