Димитров се сретна со претставници од холандското Министерство за правда и безбедност

LinkSense.mk

Реформиските активности на Владата, со фокус на областите на правосудството, реформата на јавната администрација, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за реформите во работата на безбедносните служби, биле темите на кои разговарал министерот за надворешни работи Никола Димитров со делегација од холандското Министерството за правда и безбедност, предводена од Арјен Таселар, раководител за меѓународна соработка и проекти и Ханс Јонкир, одговорен за координирање на политиките за меѓународна соработка.

„Ние сме посветени приврзаници на холандското мото „стриктно и фер“, а во процесот на пристапување кон ЕУ гледаме клучна реформска алатка за квалитативна трансформација на нашето општество, но и платформа базирана на резултати за фер реформски натпревар на земјите во процесот, истакна Димитров на средбата.

Шефот на македонската дипломатија, како што соопшти МНР, го потенцираше значењето и изрази благодарност за досегашната холандската билатерална поддршка во насока на унапредување на клучните реформски области и градењето демократско општество.

Претставниците на холандското Министерство за правда ја потенцираа потребата од продлабочена имплементација и континуирана испорака на резултати од реформската агенда, со крајна цел – отпочнување на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.