Димовски е амбасадор во Франција, Рамчиловиќ во Црна Гора, Манасијевски во Турција ….

LinkSense.mk

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, ќе биде амбасадор во Франција, пратеникот од СДСМ, Зеќир Рамчиловиќ, заминува во Црна Гора, а Јован Манасијевски во Турција. Зулфи Исмаили, пак, ќе биде македонски претставник во Постојната мисија во ЕУ во Брисел.

Ова на денешниот брифинг го кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најави дека веќе има уште тројца кандидати за амбасадорското место во Берн, Швајцарија, и за местата генерален конзул во Минхен и во Торонто. Но за нив не е завршена процедурата со добивање агремани и затоа нивните имиња остануваат засега во тајност.

Во вторник се очекува да се предложат уште две имиња за две амбасадорски позиции.

Османи денеска најави дека од први септември е започната, како што ја нарече, сеопфатна евалуација на работата на амбасадорите кои веќе ги извршуваат своите функции, за периодот септември 2021 – септември 2022 година, според, како што рече, квантитативни и квалитативни параметри.

Врз основа на добиените резултати од оваа евалуација, Османи навести дека е можно да има и повлекување на оние што не ги исполнуваат критериумите.