Шпанските власти ги обвинија денес поранешните фудбалери на Реал Мадрид, Чави Алонсо, Анхел Ди Мариа и Рикардо Карваљо за затајување на данок во периодот од 2009 до 2011 година.
Институциите на прогонот нагласија дека овој случај нема врска со аферата Фудбал ликс (Football leaks), како и тоа дека уште двајца фудбалери се обвинети за затајување на данок, но нивните идентитети не се објавени.
Шпанските медиуми, меѓутоа, пишуваат дека станува збор за колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао и португалскиот дефанзивец Фабио Коентрао.
Чави Алонсо од 2009 до 2014 година играше за Реал Мадрид, после што премина во Баерн од Минхен, додека Ди Мариа го носеше дресот на кралскиот клуб од 2010 до 2014 госина, а моментно е член на ПСЖ.
Карваљо за Реал настапуваше од 2010 до 2013 година, а потоа три сезони го носеше дресот на Монако, а моментно е без клуб.
Коентрао е член на Реал од 2011 година, а оваа сезона како позајмен играч е во Монако, додека Фалкао беше член на Атлетико Мадрид од 2011 до 2013 година.