Идната недела ќе биде една од потоплите која сме ја имале во овој период од пролетта. Синоптичарите најавуваат вистинско лето уште на почетокот на април со температури кои ќе достигнат и до 34 степени во одредени делови на земјава и до 32 во Скопје.
До крајот на оваа недела ќе имаме генерално стабилно време со прилично високи температури. Како што ќе се наближува викендот температурите ќе растат. Веќе во петок ќе имаме 25 степени а во сабота уште некој степен повеќе за во недела да се доближиме до 30 степени.
Неделата која следи ќе биде како летна недела. Понеделникот се најавуваат преку 30 степени а најтопол треба да биде вторникот кога ќе одиме до 34 степени.
Преку 30 ќе бидеме и во среда за од четврток да настапи наоблачување кое за викендот треба да донесе и врнежи од дожд и пад на температурите за десетина степени.