Доделувањето на „Оскар“ со нов водител

LinkSense.mk

Џими Кимел, водител на комични вечерни телевизиски емисии, ќе биде домаќин на следната, 89-та церемонија на доделување на „Оскар“, објави американската Академија за филмска уметност.

Кимел во септември втор пат беше домаќин на церемонијата на врачувањето на музичките награди Еми.

Џими Кимел, во улога на домаќин на врачувањето на Еми
Џими Кимел, во улога на домаќин на врачувањето на Еми

Академијата многу подолго од вообичаеното чекаше да го објави името на домаќинот на свеченоста која ќе се одржи на 26 февруари идната година.

Долгото барање на домаќин е можеби одраз на се поголемиот притисок на таа програма, наведува агенцијата АП.

Минатогодишната церемонија, чиј домаќин беше глумецот Крис Рок, се одржа во сенка на расправата околу тоа што
втор пат по ред биле номинирани само бели глумци.

Крис Рок, домаќинот на последната церемонија на доделување на „Оскар“
Крис Рок, домаќинот на последната церемонија на доделување на „Оскар“

Минатата година имаше 34,4 милиони гледачи, најмалку во последните 11 години.

Прашање е дали Кимел ќе може да ја врати гледаноста на врачувањето на „Оскар“. Ова е голем тест за комичарот.

Неговиот настап на доделувањето на ЕМИ го гледаа едвај 11,3 милиони луѓе, што беше нов минимум за телевизијата Еј-Би-Си (АБЦ).

Овој избор на водител е она што го сакаше телевизијата АБЦ која ја пренесува церемонијата на Филмската академија, а редовно после тие преноси го пушташе шоуто „Џими Кимел лајф“, наведува агенцијата АП.

jimmy-kimmel-live