Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

 Домашните миленичиња (кучиња) сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување, ќе можат да ги изнесуваат надвор во вечерните часови почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.

Како што информираат од МВР, овој период е во рамки на  забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија.

Рестриктивните ковид мерки – полицискиот час наместо од 22 во наредните две недели ќе почнува од 20 часот, а од утре за гости се затвораат сите угостителски објекти, како и угостителскиот дел од обложувалниците.

Од денеска се затвораат и фитнес салите, спортските и салите за вежбање и се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.