Дополнителни осум милиони евра хуманитарна помош од ЕУ за Украина

– Европската Комисија ќе мобилизира дополнителни осум милиони евра за да им помогнат на ранливите категории на граѓани на воените подрачја во Украина да ја поминат зимата, најави денеска прес службата на еврокомесарот за управување со
кризи, Јанез Ленарчич.

Со оваа дополнителна поддршка сумата на хуманитарната помош на ЕУ за Украина во 2019 изнесува 23 милиони евра.

Парите се наменети за Украинците кои се наоѓаат на истокот на земјата, без разлика дали се во области под контрола на властите или не. Целта е да им се обезбеди пристап до греење и вода како и да се помогне во реновирањето и поправањето на болниците и училиштата, уништени поради конфликтот.

-По повеќе од пет години конфликт кој уште трае, способноста на луѓето да ги негуваат своите основни потребни е истрошена, ЕУ продолжува да им помага на најранливите луѓе од двете страни на контактната линија, овие фондови ќе им помогнат да се справат со тешките зимски услови, изјави Ленарчич.