Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ
СВЕТ

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЕК денеска ќе објави четири патокази – за Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, како земји што постигнале значителен напредок во реформите и процесот на пристапување во последните години. Kомисијата треба да усвои документ за влијанието на идното проширување врз политиките, буџетот и институциите на ЕУ, како и врз заштитата на европските вредности и владеењето на правото.

Предлогот за политика пред проширувањето треба да ги смири стравувањата на сегашните членки дека процесот негативно ќе влијае на нивниот бизнис и дека новите членки би можеле да го искористат ветото за да ги блокираат одлуките на ЕУ. Исто така, треба да обезбеди нов импулс во преговорите за пристапување и да ја подготви ЕУ за нови членки.

Како одговор на загриженоста на членовите, според предлогот на Комисијата, ЕУ ќе се потпира помалку на консензус, а повеќе на гласање со мнозинство, вклучително и во чувствителни области како што се одбраната, санкциите, човековите права и самото проширување.

Предлогот, исто така, предвидува новите членки да потпишат политичка изјава во која ќе се обврзат да не се спротивставуваат на одлуките донесени од сегашните членки со консензус, а се разгледува и заштитна клаузула што би им овозможила на постојните земји-членки, за одреден период по пристапувањето, да ги суспендираат правата на новата членка – вклучително и правото на глас – со одлука донесена со „квалификувано мнозинство“ од 15 од 27 членки.

Црногорски медиум и јавија дека ЕК нема да го ограничи правото на вето на Црна Гора по пристапувањето во Европската унија (ЕУ), Тоа го обjaви црногорската агенција МИНА.

Според извори на Агенцијата од ЕУ, клучната политичка порака на документот до Црна Гора е дека Унијата сериозно ја сфаќа перспективата на своето членство, дека проширувањето се приближува и дека Унијата мора да биде подготвена за прием на нови членки и последователниот процес на ратификација на договорот за пристапување.

Европскиот дипломат објасни дека Црна Гора, како членка, ќе има право на вето како и сите други земји-членки, вклучително и во политиката на проширување. Од Подгорица може да се очекува само да се воздржи од користење на ветото во билатералните спорови со земјите што ќе пристапат кон Унијата, односно можноста билатералниот спор на нова членка со земја кандидат да не се искористи како причина за блокирање на процесот на пристапување.

Според европскиот дипломат, за Црна Гора, тој патоказ би требало да биде многу краток, имајќи предвид дека, според изворот на агенцијата МИНА, земјата е практично на крајот од преговорите.

Како што изјави европскиот дипломат, на Комисијата ѝ требаат приближно уште три до четири недели за да го заврши својот дел од работата во преговорите со Црна Гора и да ги достави конечните оценки за сите поглавја од преговорите до Советот на ЕУ. Потоа, одлуките за нивно затворање и завршување на преговорите на крајот ќе бидат на земјите-членки.

актуелно ЕУ проширување реформи фон дер лајен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.