До петок променливо облачно време со пораст на температурите, за викендот врнежливо

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд и со сончеви периоди особено во среда и четврток.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој кон средината на денот ќе засилува.

До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.