Државниот совет за превенција на детско престапништво го осудува вклучувањето на деца во политичка кампања

– Вклучувањето на деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата, истакнува Државниот совет за превенција на детско престапништво.

Од Советот посочија дека грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

– Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата.

Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8000 евра за радиодифузерот и 30 проценти од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца, нагласија од Советот.