ДУИ и Алијансата бараат целосна реализација на платформата

Два часа траеше средбата на потпретседателите на ДУИ и Алијансата за Албанците што вечерва се одржа во Мала Речица.

На состанокот присуствуваа потпретседателската тројка на ДУИ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити и претставници на Алијансата за Албанците.

Неофцијално, ДУИ требаше да го презентира документот од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ниту интегративците, ниту пак претставниците на Алијансата не сакаа да дадат какви било детали од разговорите, дали се разговарало за документот на Заев, освен дека расправале за платформата.

„Имавме средба на работните групи во духот на платформата. Имавме, можам да кажам, конструктивна средба. Разговаравме за точките за кои мислевме дека се многу битни, рече Теута Арифи од ДУИ.

И Арбен Таравари од Алијансата за Албанците потврди дека имале конструктивна средба.

„За нас е битно да се реализираат сите точки од платформата, без разлика кој ќе ја предводи Владата“, рече Таравари.