Дури 85 од 600 патници заразени со „омикрон“ долетаа во Холандија

LinkSense.mk

Од 600 луѓе на два лета на КЛМ, од Кејптаун и Јоханесбург, кои се вратија од Јужна Африка во Холандија во петокот, 85 биле позитивни на корона вирус. Се уште не се знае со сигурност дали е во прашање новата варијанта на ковид-19, „омикрон“, наведува Телерепорт.

Службата за јавно здравје претходно претпоставуваше дека нешто повеќе од десетина патници ќе имаат позитивен резултат, што е претпоставка која се засновала на 15 позитивни на 110 тестирани патници.

Лицата кои се позитивни се изолирани и се чуваат во изолиран хотел во близина на Шипхол, наведе портпаролот на Службата за јавно здравје. Патниците кои се жалат на симптоми кои укажуваат на ковид мораат тука да останат седум дена, а оние кои немаат здравствени проблеми ќе бидат во излолација пет дена.

Патниците кои имале негативен резултат на тестот мораат да бидат во карантин пет дена во своите домови, а потоа пак да бидат тестирани.

Позитивните ќе бидат изложени на истражување за да се утврди дали станува збор за новата, позаразна варијанта на корона откриена во Јужна Африка. Ова испитување ќе го спроведе Универзитетот Еразмос од Ротердам.

 

 

 

 

(Фото: АП)