Европа претстави „оружје“ во борбата против кризата

LinkSense.mk

Европската комисија денеска го презентира „новиот инструмент за итни случаи на единствениот пазар“.

Оваа рамка за управување со кризата има за цел да го зачува слободното движење на стоки, услуги и луѓе, како и достапноста на основните стоки и услуги во случај на идни вонредни ситуации, а сето тоа во корист на граѓаните и компаниите низ Унијата.

„Додека единствениот пазар се покажа како наша најдобра предност во управувањето со кризи, пандемијата ги истакна структурните недостатоци што ја попречуваат способноста на ЕУ ефикасно да реагира на вонредни состојби на координиран начин. Едностраните мерки предизвикаа фрагментација, влошувајќи ја кризата и особено ги погодија малите и средни претпријатија“, пишува на официјалната веб-страница на ЕК.

„Инструментот за итни случаи на единствениот пазар“ ги надополнува другите законодавни мерки на Унијата за управување со кризи, како што е Механизмот за цивилна заштита на Унијата, а тука се и правилата на ЕУ за специфични сектори, ланци на снабдувања или производи како што се здравство, полупроводници или безбедност на храна.

„Овој инструмент воспоставува добро избалансирана рамка за управување со кризи, со цел да се идентификуваат различните закани за единствениот пазар и да се обезбеди негово непречено функционирање“, се вели во соопштението на Комисијата.