Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европратеникот Пицула задолжен да помогне да се деблокираат преговорите со ЕУ
Политика

Европратеникот Пицула задолжен да помогне да се деблокираат преговорите со ЕУ

ноември 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула, е избран за известувач за самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи во мај во Загреб.

Тој ќе има задача да формулира препораки во име на Европскиот Парламент во пресрет на лидерскиот состанок и да помогне да се деблокираат преговорите со Скопје и Тирана.

Пицула се заблагодари за довербата на Парламентот и порача дека ќе понуди „сет на конкретни препораки“ со кои треба да се надмине блокадата од последниот самит на ЕУ во октомври и да се отворат преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија.

„Правејќи грешка, францускиот претседател, Емануел Макрон со блокирањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија успеа нешто што не планираше – го врати проширувањето во фокусот на европско ниво. Најдобро се виде тоа во денешниот говор на претседателката Урсула фон дер Лајн која во своето обраќање јасно порача дека вратите на ЕУ остануваат отворени и таа тема ја истакна веднаш на почетокот на својот говор“, изјави вчера Пицула.

Во својот воведен говор пред гласањето на Европскиот Парламент, новоизбраната претседателка на Европската Комисија потврди дека перспективата за членство во ЕУ на западниот Балкан останува жива.

Франција во октомври ги блокираше преговорите со Северна Македонија и Албанија повикувајќи се на потребата за претходна внатрешна реформа на Унијата како и на целиот преговарачки процес со регионот.

За известувачот Пицула „расправата за реформата не смее да го сопре процесот“.

„Земјите треба да бидат оценувани индивидуално, врз основа на индивидуални заслуги и постигнувања“, рече европратеникот.

Покрај оваа улога, Тонино Пицула е и редовен известувач на Европскиот Парламент за Црна Гора.

Неговиот извештај за загрепскиот самит се очекува во текот на март идната година.

актуелно ЕУ Пицула преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.