Европската Унија изразува сочувство по трагедијата во Тетово

Европската Унија изразува сочувство по трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово.

„ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените – наведува во изјавата портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро испратена до МИА.

Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

„Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените – напиша Гир на Твитер.

Причините за пожарот кој избувна синоќа сѐ уште не се познати, а во тек е увидот од страна на ОЈО и МВР