Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Виетнамската полиција спаси над 400 мачки во акција против трговија со мачкино месо

јуни 18, 2026

Евростат: Стапката на вработеност на младите дипломирани лица во ЕУ порасна на 83 отсто

јуни 18, 2026

Институт на Ројтерс за проучување на новинарство: Н1 и РТС се најмногу читани неделно во Србија во 2026 година

јуни 18, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Виетнамската полиција спаси над 400 мачки во акција против трговија со мачкино месо
  • Евростат: Стапката на вработеност на младите дипломирани лица во ЕУ порасна на 83 отсто
  • Институт на Ројтерс за проучување на новинарство: Н1 и РТС се најмногу читани неделно во Србија во 2026 година
  • Европскиот парламент ги усвои извештаите за пет земји од Западен Балкан
  • Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција
  • Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
  • Еден дефект на вашиот автомобил може да ве чини и повеќе од 1.000 евра во Грција
  • Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европскиот парламент ги усвои извештаите за пет земји од Западен Балкан
Балкан

Европскиот парламент ги усвои извештаите за пет земји од Западен Балкан

јуни 18, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европскиот парламент вчера ги усвои годишните извештаи за пет земји од Западен Балкан – Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово. За извештаите европратениците расправаа вчера на заедничка седница.

Конкретно за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот Томас Вајц, резултатот од денешното гласање помина со 411 гласа „за“, 120 „против“ и 120 „воздржани“. По гласањето, за денеска попладне се закажани и официјалните прес-конференции на известувачите во Парламентот за да ги образложат крајните позиции.

Во рамките на дебатата со наслов „Европска иднина за Западен Балкан“ европратениците ја потврдија поддршката за членството на земјите кандидати, при што особено беше истакнат напредокот на Црна Гора и на Албанија, но и предизвиците со кои се соочува секоја од земјите одделно.

Извештаите претходно беа усвоени од Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), а извештајот за Србија се очекува да се најде на дневен ред на пленарната седница во јули.

Обраќајќи им се на европратениците во вторникот, еврокомесарката за проширување Марта Кос го поздрави напредокот што го постигнаа Црна Гора и Албанија и оцени дека таков напредок се очекува од сите земји од Западен Балкан.

– Денес постои прозорец на можности за напредок кон членството и ги охрабруваме сите земји од Западен Балкан да го искористат тоа – изјави Кос.

Според неа, на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват биле потврдени јасните заложби од сите лидери во регионот дека европскиот пат останува нивен стратешки приоритет.

Европската комисија е подготвена да напредува со сите земји доколку ги исполнат реформските обврски и покажат доволно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и со визната политика –  додаде Кос.

Известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, оцени дека целта на Европската Унија треба да биде полноправно членство на сите шест земји од Западен Балкан.

– Првин Црна Гора, потоа Албанија, а мислам дека следна на листата треба да биде Северна Македонија – изјави Вајц.

Тој нагласи дека повеќе земји од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, покажале напредок, кој треба соодветно да се вреднува.

– Мора да го наградуваме напредокот во регионот за да ја одржиме мотивацијата, особено во Северна Македонија – рече Вајц додавајќи дека во земјата е потребен сојуз меѓу власта и опозицијата за спроведување на неопходните реформи.

Известувачот за Црна Гора, Марјан Шарец, оцени дека целта преговорите за членство да завршат до крајот на 2026 година е амбициозна, но достижна.

– Спроведувањето ќе биде најважниот фактор. Тоа особено се однесува на поглавјата 23 и 24, кои остануваат столб на целиот пристапен процес – рече Шарец.

Тој додаде дека политичката сцена во Црна Гора во моментот е соочена со предизвикот на уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

– Затоа ќе биде неопходно постигнување договор. Според мене, платформата што ја претстави опозицијата е добра основа за понатамошен дијалог – изјави Шарец.

Известувачот за Албанија, Андреас Шидер, ја нарече земјата „втор фаворит во процесот на проширување“ нагласувајќи ја силната поддршка за членство во ЕУ меѓу албанските граѓани.

Тој оцени дека целта за завршување на пристапните преговори до крајот на 2027 година „веќе не изгледа како сон, туку како реална можност“.

Осврнувајќи се на состојбите во Албанија, Шидер истакна дека туризмот отвора работни места и поттикнува економски раст, но само доколку не се жртвуваат природата и животната средина.

– Европската Унија има воспоставено јасни стандарди во оваа област, што е уште еден силен аргумент за пристапувањето на Албанија во ЕУ – рече тој.

Известувачот за Босна и Херцеговина, Онджеј Коларж, предупреди на многуте проблеми со кои се соочува земјата.

– Кога зборувам за бавниот напредок на реформите и за можниот недостиг на волја кај некои од функционерите да го испорачаат потребното, тоа е нешто што ние не можеме да го направиме наместо нив. Можеме да понудиме помош и насоки, но тие се оние кои мора да испорачаат резултати – рече Коларж.

Тој оцени дека судскиот систем е многу слаб, реформите се одвиваат бавно, слободата на медиумите е на ниско ниво, а граѓанското општество стагнира.

Коларж додаде дека е загрижувачки што граѓаните на Босна и Херцеговина, кои сакаат да живеат во Европската Унија, го прават тоа со иселување од земјата бидејќи не гледаат перспектива во сопствената држава.

Известувачот за Косово, Рихо Терас, истакна дека за него е особено важно Косово да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

– Последните години беа политички исклучително тешки за Косово. За нешто повеќе од една година се одржаа три парламентарни избори и локални избори. Земјата практично беше во постојана изборна кампања – рече Терас.

Тој оцени дека тоа е доказ за функционална демократија, но истовремено го отежнува ефикасното вршење на законодавната и на извршната власт.

Според Терас, постигнат е напредок во неколку важни области, меѓу кои е и инструментот за реформи и раст, но во други сегменти реформите не биле доволни.

Меѓу нив, го посочи и дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, според него, долго време е блокиран поради политичкиот застој.

фото: ЕУ

актуелно балкан европски западен земји извештаи парламент
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Виетнамската полиција спаси над 400 мачки во акција против трговија со мачкино месо

јуни 18, 2026

Евростат: Стапката на вработеност на младите дипломирани лица во ЕУ порасна на 83 отсто

јуни 18, 2026

Институт на Ројтерс за проучување на новинарство: Н1 и РТС се најмногу читани неделно во Србија во 2026 година

јуни 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.