Европски авиокомпании ќе им враќаат пари на патниците

LinkSense.mk

Група европски авио-превозници се сложи да им рефундира пари на патниците чии летови се откажани во текот на пандемијата од корона вирус, и се обврза дека во иднина ќе пружаат подобри информации за правата на патниците.

После разговорите со Европската комисија, 16 авио превозници се сложија да им вратат пари на патници, дека подобро и навремено ќе информираат за откажани летови и дека ќе понудат ваучери само кога патниците ќе ги одберат.

Меѓу авиокомпаниите кои постигнаа договор се, меѓу останатите, „Ер Франс – КЛМ“, „Бритиш Ервејс“, „Изи џет“, „Луфтханза“, „ТАП“ и „Визер“.

Во раната фаза на пандемијата, некои авиокомпании им турнаа ваучери на патниците“, рече европскиот комесар за правосудство, Дидие Рејндерс и додаде дека се однесувале против правилата на Европската унија за заштита на потрошувачите. Тој истакна дека тоа било неприфатливо.

Националните органи во поедини држави од Европската унија се одговорни за спроведување на законите на Унијата за заштита на потрошувачите.

Со Закон на ЕУ, односно со Уредба, за соработка во заштитата на потрошувачите, направена е мрежа на државни извршители за координација по такви прашања.

Авиокомпаниите во текот на пандемијата ги прекршија европските потрошувачки права на големо ниво“, рече генералната директорка на Европската организација на потрошувачи, Миник Гојенс, која во јули лани поднесе жалба до Европската унија.

 

 

 

(Фото: АП)