Египет и подари два острови на Саудиска Арабија

Египетската влада денес одобри предавање на Саудиска Арабита на два острови во Црвено море, и покрај претходните протести и одлуката на судот дека таа спогодба на Каиро о Ријад е неуставна.

Владата на претседателот Абдел Фатах ел Сиси ја одобри спогодбата и му ја испрати на Парламентот за ратификација, и покрај одлуката на судот, на која владата вложи жалба, пренесе египетската новинска агенција МЕНА.

Спогодбата според која на Саудиска Арабија и се враќаат стратешки важните острови Тиран и Санафир во Црвеното море, постигната е во април, при посетата на кралот Салман на Каиро.

Кралот возврати со најава за повеќе милијарди помош за Египет.

Тој договор на Каиро и Ријад за два острови на излезот од Арапскиот залив во Црвено море, предизвика бура негодувања во Египет и најголеми демонстрации за овие двегодини од владеењето на Ел Сиси.

Противниците на спогодбата ја обвинија владата дека ги даде островите на Саудијците за да добие помош, што владата ги отфрли тие тврдења како шпекувации.

Владата на Египет наведе дека ненаселените острови Тиран и Санафир биле саудиски, но дека биле „под заштита на Египет“ ставена пред повеќе децении поради страв од напад на Израел.
Судската одлука за жалбата се очекува на 16 јануари 2017 година.

Саудиска Арабија му даде милијарди долари помош на Египет од кога Ел Сиси, некогашниот шеф на војската, со воен преврат во 2013 година го смени исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

Односите на Каиро и Ријад меѓутоа се влошија во последните месеци затоа што Египет изрази поддршка на владата на Сирија, додека Саудиска Арабија во таа земја ги поддржува бунтовниците кои се борат против претседателот Башар ел Асад.