Една главица лук помага во овие болести: Рецепт стар повеќе од 2000 години – моќен природен лек

LinkSense.mk

Сите знаеме дека лукот е познат како моќен природен лек. Дури и старите Египќани им давале на своите робови лук за да им помогнат да останат во форма

Стариот тибетски лек кој содржи лук е стар повеќе од 2000 години.

Кај нашиот народ постои верување кое гласи: Кој четириесет дена секое утро јаде по едно чешне лук, дење ќе може да ги види ѕвездите.

Денес, современата медицина само со научни истражувања ги потврдува сите поранешни сознанија за ова растение кои човештвото ги стекнало низ вековното искуство пренесено од генерација на генерација. Во аптеките низ светот се достапни голем број билни препарати на база на лук, кои се користат како помошни лековити и превентивни средства.

Лук, лимон и мед против стареење

Подготовка: Ситно сомелете 10 главици лук и убаво измешајте со 1 кг мед и сок од 10 лимони. Се става во стаклена тегла, се покрива и се остава да отстои 8-10 дена. После тоа, два пати на ден, пред јадење, земајте по една лажица од смесата.

Оваа мешавина од лук, лимон и мед го забавува процесот на стареење.

Лукот е докажан антибиотик, а корисен е затоа што ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Верувале или не, лукот дури го отстранува заморот, напнатоста, анксиозноста и го подобрува расположението, благодарение на минералот селен кој се наоѓа во ова растение.

Лукот кој се користи во мали количини, како додаток на храната која предизвикува гасови (грав, грашок…), ја намалува надуеноста. Инаку, ова растение е одличен антиоксиданс, го успорува процесот на стареење и ефикасно штити од многу хронични болести, катаракта, бронхитис, Паркинсонова болест.