Едно лице тешко повредено во железничка незгода на патен премин кај село Лопате

Едно лице е тешко повредено во железничка незгода што се случила во утрово на железнички премин кај кумановското село Лопате, каде дошло до судир помеѓу товарен воз, кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија и патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки.

Од МВР информираат дека во 00.45 часот било пријавено за железничката незгода помеѓу товарниот воз и „Аудито“, управувано од Ф.Ј. (47) од липковското село Оризаре.

– Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ф.Ј., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, се наведува во соопштението од МВР.