Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Економист“: Северна Македонија меѓу државите кои дадоа најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година
Македонија

„Економист“: Северна Македонија меѓу државите кои дадоа најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година

декември 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Весникот „Економист“ ја вбројува нашата земја во државите кои дале најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година.

Во текстот на „Економист“ насловен „Која нација најмногу напредуваше во 2019 година“, Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд се посочуваат како држави што најмногу напредувале во изминатата година, додека овогодишен победник е Узбекистан, земјата што, како што наведува весникот, го укина ропството.

„Економист“ нашата земја ја посочува како импресивна, поради промената на името со цел промоција на мирот во соседството.

– Грција се противеше на поранешното име на земјата, Македонија, поради грчкиот регион со исто име. Грчката непопустливост ги спречи Македонците од пристапување на НАТО и започнување на преговори со Европската унија. Така, пратениците во Скопје ја голтнаа гордоста и гласаа за промена на името на државата. Гласањето се случи во февруари годинава. Односите со Грција сега се многу потопли. Изворот на раздор сега е отстранет од нестабилниот регион.

Северна Македонија е на пат на полноправно членство во НАТО. За жал, Емануел Макрон, претседателот на Франција (земја на годината во 2017) ја блокира кандидатурата за ЕУ, стравувајќи дека пристапувањето на уште една земја од Балканот во клубот ќе ги изнервира француските гласачи, пишува „Економист“.

Овогодишен победник е Узбекистан, земја што под водство на Шавкат Миромонович, како што посочува весникот, спровела значителни реформи укинувајќи ги затворските работни кампови, дозволи влез на странски новинари и ја зајакна борбата против корупцијата.

„Економист“ оценува дека Узбекистан се уште има долг пат пред себе до полна демократија, но ниту една друга држава не напредувала повеќе од неа во 2019 година.

Според весникот, и Нов Зеланд заслужува почесно место поради одговорот на премиерката Џасинда Ардерн на масакрот во џамија во Крајстчрч, кога излезе јавно со шамија и рече дека напад на муслимани е напад на сите жители на Нов Зеланд, по што нејзината Влада забрани полуавтоматско оружје и откупи илјадници парчиања од јавноста.

„Економист“, исто така, оценува дека Судан е значително помалку деспотска држава во 2019 година.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно економист северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.